Достапни линкови

Руска новинарка приведена во Техеран, иранскиот амбасадор повикан во руското МНР


Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова

Руското МНР денеска го повика иранскиот амбасадор во Москва поради приведувањето на руската новинарка во Техеран, соопшти портпаролката на Министерството, Марија Захарова, пренесе агенцијата Ројтерс.

„Поради приведувањето во Техеран на руската државјанка Јулија Јузик, иранскиот амбасадор беше поканет во Министерството за надворешни работи за да се разјаснат околностите за инцидентот и да се заштитат правата на руската државјанка“, напиша Захарова на својот официјален Фејсбук профил.

Руската новинска агенција Интерфакс ја цитираше руската амбасада во Иран дека според нејзината мајка, новинарката Јулија Јузик е обвинета за работа за израелски безбедносни служби, пренесе Ројтерс.

Иранските власти сè уште официјално не ја известиле руската амбасада за инцидентот, изјави за Интерфакс портпаролот на амбасадата, пренесува агенцијата Ројтерс.

Ќерката на Јулија, пак, на својата фејсбук страница напишала дека нејзината мајка е уапсена на 3 октомври и дека ќе биде изведена пред судот на 5 октомври.

XS
SM
MD
LG