Достапни линкови

Разговор на поранешниот руски амбасадор Шчербак во една од снимките на судењето за „Монструм“


Архивска фотографија - Поранешниот амбасадор Шчербак на протестите пред Руската амбасада во Скопје за поддршка на протераниот руски дипломат од Македонија

Меѓу смс пораките и транскриптите од нелегално прислушуваните разговори, кои беа преслушани на денешното рочиште за случајот „Монструм“, има и разговор во кој еден од учесниците е поранешниот руски амбасадор во Македонија, Олег Шчербак. Во разговорот се слуша како соговорникот на амбасадорот му кажува за тоа што е познато во тој момент за убиството и вели дека нема официјални информации од надлежните. Соговорникот кажува дека „од жртвите, четворица се убиени, а петатта – рибарот, веројатно е убиен зошто бил сведок“.

"Владата и МВР задоцнија со информации", му вели соговорникот на амбасадорот, и додава дека „власта ги релативизира информациите за ситуацијата да не ескалира“.

„Има протести, се шират разни шпекулации меѓу населението, ситуацијата не е излезена од контрола, но е лоша. Има шпекулации дека ова е одмазда за убиство во Тетово каде Македонец убил двајца Албанци“, му вели соговорникот на Шчербак во снимката.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. Другите двајца обвинети се во бегство во Косово од каде до сега никако да ги екстрадира. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

XS
SM
MD
LG