Достапни линкови

Криклиј: Украински авион принудно слета, неофицијално четворица загинати


Украински спасувачки служби на местото на несреќата, во близина на аеродромот Лвов

Украински карго-авион од типот Антонов-12 имаше принудно слетување 1,5 километри од аеродромот во градот Лавов, откако денеска исчезна од радарот во западна Украина, соопшти украинската служба за вонредни состојби, пренесе новинската агенција Ројтерс.

Советскиот модел на авион со четири мотори исчезна од радарот кога беше на 13,7 километри од аеродромот, се вели во соопштението на службата. Во 07:29, член на екипажот ја повикал службата и пријавил дека авионот извел принудно слетување. Авионот е пронајден 1,5 км од аеродромот.

„Според првичните информации, четири лица загинале при принудното слетување на авионот во близина на аеродромот“, напиша украинскиот министер за инфраструктура, Владислав Криклиј, на својот профил на Фејсбук.

Во авионот имало седум членови на екипажот, пренесе Ројтерс.

XS
SM
MD
LG