Достапни линкови

Фетаи: До каде е екстрадицијата на обвинетите во „Монструм“


Обвинителката Фатиме Фетаи

Овинителката во процесот „Монструм“, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1, побара од судот да се обрати до Министерството за правда за конкретен одговор до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, дел од обвинетите во овој случај кои се наоѓаат во Косово.

Фетаи рече дека процесот е во втора фаза и „може за брзо време да има пресуда, а од Министерството за правда уште добивала ист одговор“. Обвинителката Фетаи нагласи дека во некој од следните рочишта ќе биде повикан „свиркачот“ Звонко Костовски да објасни како цел тој материјал е собран, бидејќи дел од тоа било добиен од незаконското прислушкување од страна на УБК.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

XS
SM
MD
LG