Достапни линкови

Владата го утврди дополнителниот ребаланс на буџетот за 2019


Владата го утврди дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието во комисиите за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, соопшти владината прес-служба.

Новиот дополнет Предлог, кој ќе биде пуштен на усвојување на пленарна седница на Собранието, како што информираат од владината прес-служба, главно опфаќа реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции.

„Со прифатените измени на седницата на Владата на РСМ, се обезбедуваат средства за непречено функционирање на ново формираната Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување на дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите, средства за колекторски систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО“, соопшти Владата.

XS
SM
MD
LG