Достапни линкови

Европски посредници меѓу власта и опозицијата во Србија


Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн

Поранешните европратеници Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн ќе бидат посредници на Европскиот парламент на состаноците на власта и опозицијата во Србија на 9 и 10 октомври, објави порталот Европски Западен Балкан. Ова е потврдено во писмото на Дејвид Мекалистер, шеф на Комисијата за надворешна политика и известувач за Србија на Европскиот парламент, до Маја Гојковиќ, претседател на српскиот парламент. Во писмото се детализира првата средба меѓу претставниците на српската власт и опозицијата, закажана за 9 и 10 октомври во парламентот во Белград, со посредство на Европскиот парламент, пренесува Данас.

Осврнувајќи се на документот до кој имал пристап, весникот Данас наведува дека пораката на Мекалистер содржи и рамковна агенда на состаноците, предлагајќи на дијалогот да бидат повикани „лидерите на парламентарните групи плус еден пратеник, со можно учество и на еден политички советник“.

XS
SM
MD
LG