Достапни линкови

Германски министер бара одлучна реакција на ЕУ кон таксите од САД


Германскиот министер за финансии Олаф Шолц

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изрази надеж дека ЕУ ќе реагира на „одлучен и промислен начин“ на американската одлука да воведе царини на низа производи од Унијата, од сирење до вино.

„Ќе реагираме на одлучен, но промислен начин на таа нова ситуација. Во глобализираниот свет, трговските судири во последните месеци никому не му се во интерес“, рече Шолц за германскиот весник Билд.

Германија како голем извозник има блиски трговски врски со САД.

Маслинки, јогурт, овошје и големи авиони се дел од европските производи на кои САД планираат да воведат дополнителни царини, откако добија одобрение за тоа од Светската трговска организација(СТО).

СТО во средата соопшти дека САД можат да воведат такси на увоз на стока до 7,5 милијарди долари од ЕУ, како одговор на нелегалните субвенции на ЕУ за европскиот произведувач на авиони Ербас.

Царините, кои треба да стапат во сила на 18 октомври, ќе бидат 10 отсто на авиони произведени во ЕУ и 25 отсто на сите други производи.

XS
SM
MD
LG