Достапни линкови

Туск скептичен за новиот британски предлог за Брегзит, но е отворен за преговори


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјави дека и понатаму не е уверен во новиот британски предлог за решавање на блокираните преговори за Брегзит, но дека останува отворен за преговори.

Туск на Твитер напиша дека денеска имал два телефонски разговори во врска со Брегзит, прво со Даблин, а потоа со Лондон.

„Мојата порака до ирскиот премиер Лео Варадкар е дека во целосна мерка сме зад Ирска, а мојата порака до британскиот премиер Борис Џонсон е дека сме отворени, но и понатаму неубедени“, напиша Туск.

Главниот камен на сопнување меѓу Велика Британија и ЕУ е околу таканаречениот бекстоп, мерка која треба да осигура слободен проток на стока и луѓе меѓу Ирска, која е членка на ЕУ, и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија.

Ирскиот премиер Варадкар е скептичен кон предлозите на Борис Џонсон, кои треба да бидат основа за договор за излегување на Британија од ЕУ на крајот на овој месец.

Џонсон вчера даде нов предлог за договор за Брегзит. Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври доколку не бара уште едно продолжување и тоа да биде одобрено.

XS
SM
MD
LG