Достапни линкови

Специјалниот преговарач на Трамп со Украина ќе сведочи во истрагата за импичмент


Курт Вокер

Долгогодишниот американски дипломат, Курт Вокер, кој беше специјален претставник на претседателот Доналд Трамп за Украина, ќе сведочи денеска пред Конгресниот комитет, како дел од истрагата во иницијативата за импичмент на американскиот претседател, покрената од демократите, пренесе Ројтерс.

Вокер поднесе оставка како специјален претставник во преговорите со Украина минатиот петок, ден по објавувањето на информациите за наводниот притисок врз Украина за спроведување истрага поврзана со главниот ривал на Трамп за претседателските избори во 2020 година, Џо Бајден, пренесе Ројтерс.

XS
SM
MD
LG