Достапни линкови

Протестите во Ирак продолжуваат, убиени 18 демонстранти и полицаец


Фотографија од вчерашните протести на плоштадот Тајаран во Багдад.

На антивладините протести, што во текот на ноќта се одржаа во градовите Насиријах и Амара, во јужен Ирак, загинаа 19 лица, од кои еден полицаец, а демонстрациите и судирите со полицијата продолжија и денеска во главниот град Багдад и покрај воведувањето полициски час, пренесоа новинските агенции АП и Ројтерс.

Ирачките безбедносни сили утрово користеле солзавец за да растераат стотици демонстранти кои повторно излегоа на улиците во Багдад, неколку часа по прогласувањето на полицискиот час, по дводневните антивладини демонстрации кои ескалираа во судири со полицијата.

Од повеќе страни во трите града се слушале експлозии, а до сега се пријавени неколку стотини повредени, пренесе Ројтерс. Антивладините демонстрации против, како што велат демонстрантите, државната корупција и невработеноста, почнаа во вторникот и секојдневно добиваат на масовност и жестина во судирите со безбедносните служби.

XS
SM
MD
LG