Достапни линкови

Во ЕУ не им се допаднал предлогот на Џонсон, дознава Ројтерс


Последниот предлог на премиерот Борис Џонсон за Брегзит не може да помине, бидејќи тоа е нефункционален чекор назад кој ги остава Велика Британија и Европската унија оддалечени, изјави висок претставник на ЕУ, пренесува агенцијата Ројтерс.

Само 28 дена пред датумот кога Џонсон сака Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ, постојат позиционирања за одложување или некој друг начин за договор околу Брегзит. И премиерот Џонсон вели дека сака договор, но инсистира на тоа дека не може да има одложување на Брегзит за по 31 октомври.

Групата задолжена за Брегзит во Европскиот парламент смета дека предлозите на британскиот премиер „не претставуваат основа за договор“, пренесува Ројтерс, кој ја видел нацрт-изјавата на групата, што јавно треба да биде соопштена подоцна денеска.

Висок официјален претставник на ЕУ рече дека предлогот на Џонсонж „не може да лета“, главно затоа што не понудил решение за границата меѓу Северна Ирска и Ирска, пренесе Ројтерс.

Од тимот на Џонсон велат дека до ЕУ испратиле многу конструктивен предлог и очекуваат да има договор.

XS
SM
MD
LG