Достапни линкови

Собранието за Предлог-законот за зголемување на платите


Собрание на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија денеска по скратена постапка треба да го разгледа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој треба да се овозможи зголемување од пет насто на платите во јавната администрација.

Вчера од Владата најавија дека септемвриската плата со ветеното зголемување од пет проценти ќе се исплати во законски предвидениот рок. Зголемена плата за пет проценти ќе добијат здравствените, социјалните, просветните работници, полицијата, одбраната и целиот јавен сектор, соопштија од Владата.

Предлог законот е единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница.

XS
SM
MD
LG