Достапни линкови

Албанските граничари за девет месеци откриле повеќе од седум илјади имигранти


Во периодот јануари – септември албанската гранична полиција открила 7.288 нелегални мигранти, соопшти директорот на Управата за граница и миграција, Едуарт Меркај. Тоа е за 37 отсто повеќе споредено со истиот период лани, односно за 5,7 отсто повеќе отколку во целата 2018 година. Меркај соопшти дека во рамки на спроведувањето на стратегијата за интегрирано управување на границата „Отворени но сигурни граници“, засилени се мерките за спречување на меѓуграничниот криминал и за менаџирање на движењето на луѓе и стока.

Тој се задржа и на проблемот со злоупотребата на либерализацијата со земјите од шенген зоната.

Рече дека како резултат на преземените мерки, во периодот јануари-септември, на сите гранични премини привремено не им е дозволено патување во шенген зоната на 10.684 албански граѓани што е за 30 отсто помалку споредено со истиот период лани. Од нив 735 се малолетници, кои не ги исполнувале критериумите за патување надвор од земјата.

XS
SM
MD
LG