Достапни линкови

Демократите и дадоа рок на Белата куќа да ги предаде документите за Трамп и Зеленски


Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Американските пратеници од редовите на демократите побараа Белата куќа да предаде документите поврзани со разговорот меѓу претседателот Доналд Трамп и украинскиот претседател Влодимир Зеленски. Ако не ги предадат документите тогаш ќе им биде доставен судски повик да сведочат во Конгресот. Поради разговорот беше побарана постапка за импичмент на Трамп.

Тројца претседавачи на Комитетот од Претставничкиот дом, кој ја води истрагата, денеска соопштија дека Белата куќа има рок до 4 октомври да ги предаде документите. Американската администрација досега се противеше на тоа да ги предаде документите.

Демократите го испитуваат разговорот меѓу Трамп и Зеленски, во кој наводно американскиот претседател бара од украинскиот колега да гоиспита поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и неговиот син, кои имаа деловни зделки во Украина.

Бајден е еден од главните фаворити за можен противкандидат на Трамп на изборите во 2020 година.

Трамп негираше какво било злосторство и ја нарече истрагата „најголема измама во историјата на американската политика“.

XS
SM
MD
LG