Достапни линкови

ЕУ најде „проблематични точки“ во новиот предлог на Лондон за Брегзит


Шефот на Европската комисија, Жан-Клод јункер го предупреди британскиот премиер Борис Џонсон дека има „проблематични точки“ во новопредложениот договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ.

Јункер ја истакна загриженоста во врска со предлогот на Лондон за царински режим, насочен кон избегнување на проверките на границата меѓу Северна Ирска која е под британската управа и членката на ЕУ Ирска.

Но, тој ги призна „позитивните достигнувања“ во британската понуда за време на телефонскиот разговор со Џонсон, велејќи му дека преговарачите во ЕУ сега објективно ќе го испитаат правниот текст.

Во соопштението од Кабинетот на Јункер се вели дека тој ја поздравил решеноста на премиерот Џонсон да ги унапреди разговорите пред октомврискиот состанок на Европски совет.

Но имало и некои проблематични точки на кои ќе треба дополнително да се работи во следните денови. Преговарачот на ЕУ за Брегзит, Мишел Барниер изјави дека има уште многу работа, откако го прими предлогот на Џонсон за повлекување од Унијата. Тој вели дека ќе продолжат да работат на тоа да се најде договор, оти за ЕУ не е во опција да не се постигне договор.

XS
SM
MD
LG