Достапни линкови

Путин - Смешна е загриженоста на САД дека ќе им се мешаме во изборите во 2020


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е „смешно“ да се мисли дека Русија ќе се меша во претседателските избори во САД следната година и покрај заклучоците на американските власти дека Москва тоа го сторила на изборите во 2016.

За Путин е смешно тоа што американскиот специјален советник Роберт Милер обвини дека Москва се мешала во изборите во 2016 и што изрази загриженост дека тоа може да се случи и во иднина.

„Ова е смешно. Ќе беше смешно да не беше толку тажно“, рече Путин.

Во извештајот објавен во април, Мулер ги потврди разузнавачките заклучоци дека имало руско мешање на изборите, но тој заклучи дека нема доволно докази со кои може да се докажат обвинувањата дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим соработувале со руските власти.

Мулер, но и многу пратеници и од редовите на демократите и од републиканците, како и безбедносни службеници предупредија дека е можно Русија да продолжува да се меша во политичките процеси во САД и да се подготвува да го стори тоа повторно во 2020 година.

Путин изјави и дека нема да побара од Западот да ги укине санкциите кон Русија.

XS
SM
MD
LG