Достапни линкови

Руски граничари пукале кон севернокорејски брод во Јапонското море


Архивска фотографија- Севернокорејски риболовен брод во Јапонско Море.

Руски граничари отвориле оган кон севернокорејски брод за риболов, кој ловел во Јапонското Море, соопшти руската служба за безбедност. Руските медиуми повикувајќи се на Службата, јавуваат дека по инцидентот се приведени 21 член на екипажот, од кои петмина биле повредени за време на инцидентот.

Ова е четврт ваков инцидент во последните неколку недели. Минатата недела руските служби запленија три риболовни бродови од Северна Кореја и повеќе од 200 членови на екипажот.

Областа во која бил бродот се граничи со Јапонија, Русија и Северна и Јужна Кореја, па се јавуваат спорови околу правата на риболов.

Но и покрај ризиците, севернокорејците риболоват во водите на Јапонското Море, користејќи едноставни дрвени чамци мрежи кои се забранети во Русија од 2015 година.

XS
SM
MD
LG