Достапни линкови

Поранешниот претседател на ДИК Чичаковски и Елеонора Ајро избрани за судии на Управниот суд


Зградата на Управен суд во Скопје

Поранешен претседател на Државна изборна комисија, Александар Чичаковски и кандидатката од Академија за судии и јавни обвинители, Елеонора Хамулиќ – Ајро се избрани за судии во Управниот суд . Нив денеска ги избра Судскиот совет.Од Советот информираат дека на денешната седница се избрани и претседатели на основните судови воБитола, Велес, Делчево, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Прилеп и Штип, и на Основен граѓански суд Скопје.Судијата од Управен суд, Исмета Амет е избрана за претседател на Виш управен суд.

Чичаковски заедно со останатите членовите на ДИК поднесе оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси. Елеонора Хамулиќ – Ајро е сопругата на поранешниот обвинител на СЈО, Артан Ајро.

XS
SM
MD
LG