Достапни линкови

ПССЕ вечер ќе го разгледува извештајот за Северна Македонија


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) доцна вечер ќе расправа за извештајот за постмониторинг дијалогот со Северна Македонија, поточно за следењето на обврските на земјата како членка на Советот на Европа од 1995 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во заклучоците на извештајот, Мониторинг комисијата на ПССЕ констатира дека „од последниот извештај за пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија објавен во 2013 година, се случија важни промени. И покрај поларизацијата на општеството по етнички и политички линии во 2013 година, најголемите политички партии успеаја да ги надминат разликите и да постигнат консензус со тоа што се согласија за демократски пат содржан во Договорот од Пржино од 2015 и 2016 година. Договорот има за цел да опфати критични прашања поврзани со владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.

Посетите на известувачите на ПССЕ на Северна Македонија, утврдија дека потпишувањето на Преспанскиот договор доведе до огромна надеж за зајакнување на евроатлантските интеграции – консензуална стратешка цел на земјата. Договорот според ПССЕ ја зајакна и намерата на властите да ги продолжат реформите започнати од април 2017 година, по двегодишната политичка криза што го блокираше процесот на демократизација на земјата.

– Остануваме подеднакво уверени дека Канцеларијата на Специјалниот обвинител ќе продолжи да ги практикува и да води истраги за криминалот на високо ниво, во согласност со нејзиниот мандат, оценуваат известувачите.

Во извештајот на ПССЕ се вели дека општеството останува поларизирано и смета дека „раните од минатото мора да се надминат“.

XS
SM
MD
LG