Достапни линкови

Во Грција 24-часовен штрајк во транспортот, банките и медиумите


Без возови, бродови, без вести и информативни емисии, со затворени банки ќе биде денеска Грција и без метро и со скратено работно време на автобусите и тролејбусите во Атина, без јавен превоз во Солун, поради новиот 24-часовен штрајк што започна во 6 часот, jави МИА од Атина.

Синдикатот на работници на Грција за денеска закажа 24-часовен штрајк, а учествува и синдикатот на вработените во јавниот сектор со неколкучасовен прекин на работата, односно од 11 часот до крајот на работното време за да го искажат нивното незадоволство од законот за развој што го предлага владата во однос на колективните договори, работничките права и новите регулативи за синдикатите.

Денешниот 24-часовен штрајк го поддржаа и новинарите во приватните и државните медиуми кои нема да емитуваат вести и информативни емисии.

Во истиот период, бродовите ќе останат закотвени на пристаништата, возовите паркирани на железничките станици.

Синдикатите за 11 часот закажаа собир на еден од плоштадите во центарот на Атина и протест до грчкиот Парламент.

Како и секогаш, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција, организира одвоен собир.

Демонстрации ќе се одржат и во Солун.

XS
SM
MD
LG