Достапни линкови

Арсовска: Западен Балкан како гето не носи успех


Даниела Арсовска, Сојуз на стопански комори

„Западен Балкан како гето не носи повеќе можности за успех, ниту за државите поединечно, ниту како регион и овој пристап не даде резултати. За да се овозможи развој потребно е нашата земја што поскоро да се интегрира во Европската унија, а не да биде дел од Западен Балкан, како слепо црево на Европа, изјави претседателката на Сојузот на стопански комориДанела Арсовска на панел сесијата посветена на економијата во рамки на Самитот на лондонски „Економист“.

Таа истакна дека тоа е единствениот начин за да и се овозможи на земјаваподеднакво да учествува на единствениот економски пазар, но и да пристапи кон и глобалните пазари.Според Арсовска, датумот за интеграција треба да е транспарентен и извесен, како и безрезервната поддршка во имплементирање на структурните економски реформи. Она кое што е предизвик за сите држави од Западен Балкан е што сите меѓусебно се конкуренти и покрај тоа што традиционално се најдобри партнери во трговската размена заедно со западно-европските земји.

Таа смета дека е погрешен пристапот државите од регионот, вклучувајќи ја и нашата, да се гетоизираат во Западен Балкан.

XS
SM
MD
LG