Достапни линкови

Посетата на Помпео во знак на поддршка за членството во НАТО


Американскиот државниот секретар Мајк Помпео на средбата со македонскиот државен врв в петок во Охрид уште еднаш ќе истакне дека Договорот од Преспа е исклучителен и храбар чекор на лидерите на Северна Македонија и Грција за стабилизација и просперитет на регионот и за влез на земјата во НАТО и ЕУ, изјавија за МИА од Стејт департментот.

Помпео после Ватикан, в петок ќе ги посети Подгорица и Охрид со цел „реафирмација на сојузништвото со 29-та и 30-та членка на НАТО, последни кои се приклучија на алијансата“, пренесува МИА.

Во текот на посетата, Помпео во Охрид ќе се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, со вице-премирот Бујар Османи, како и со министрите за надворешни и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шеќеринска.

XS
SM
MD
LG