Достапни линкови

„Хемофарм“ го повлекува лекот „Ранитидин“


Илустрација

Српската фармацевска компанија „Хемофарм“ денеска објави дека „поради предострожност и со цел заштита на јавното здравје“ донеле одлука „доброволно и превентивно“ повлекување на сите серии на лекот „Ранитидин“ од пазарот, откако Европската агенција за лекови предупреди дека се пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот Ранитидин хидрохлорид – со назив Н-нитрозодиметиламин (НДМА).

Во документот од Европската агенција за лекови се изразува сомнеж за можниот штетен ефект на количината на нечистотии НДМА откриена врз здравјето на луѓето, „која ќе биде потврдена или побиена во последователните тестови“.

XS
SM
MD
LG