Достапни линкови

За борба со загадувањето ни требаат и ажурни инспекции и казнување


Фотографија од конференцијата „Акција против климатски промени СЕГА!“

За итна акција против климатските промени постојат стратегии, акциски планови за заштита на животната средина има, како што има и систем на казнена политика има, но она што е важно е ажурно спроведување на инспекциите, постапување по прекршоците и преземање политики, заклучија денеска учесниците на конференцијата „Акција против климатски промени СЕГА!“, во организација на Зелен институт, ДОМ, а со поддршка холандската фондација Биро де Хелинг.

„Суштинска е трансформацијата од фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Нафтата, јагленот и гасот се фосилни горива и треба што побрзо и поефикасно да се спроведе таа транзиција. За земјава особено значи употреба на сонцето и ветерот. Ние сме земја на сонцето, а статистиките покажуваат дека 0,5 отсто е искористеноста на сончевата енергија за производство на електрична енергија, бидејќи тоа е еден од главен емитори на стакленички гасови“, рече пратеничката Маја Морачанин.

Ана Петрова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, порача дека е потребно ажурно спроведување на инспекциските контроли и како се завршува инспекциската контрола. Таа соопшти дека во изминатите три години имало 70-тина случаи на прекршоци доставени до ЈО, меѓутоа ниту еден досега не е досуден.

За Томас Вајс, поранешен европратеник и член на Извршниот комитет на Европските зелени од Австрија, во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата земја, важно е да се инвестира во инсфраструктурата и јавниот превоз. Според Наташа Амдиу од Зелениот институт, за оваа важна тема за која нема многу интерес оваа конференцијата е повик до граѓанските организации и релевантните институции да се преземе заедичка акција за да се придонесе кон спречување на влијанието на климатските промени.

XS
SM
MD
LG