Достапни линкови

Еден загинат и 10 повредени во напад во колеџ во Финска


Трговскиот центар „Херман“, во кој се наоѓа колеџот, под полициска блокада за време на нападот.

Едно лице е убиено, а 10 се ранети во оружен инцидент во колеџ сместен во трговскиот центар „Херман“, во источниот фински град Куопио, пренесе новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се официјални информации од полицијата.

Полицијата соопштила дека меѓу повредените е и осомниечниот. Првиќно не беше соопштено со какво оружје бил извршен нападот, за подоцна да информира дека станува збор за оружје со сечило, но дека напаѓачот носел и огнено оружје.

Полицијата употреби огнено оружје во својата акција, а едно безживотно тело беше пронајдено во просториите на „Саво колеџот“, соопшти полицијата на источна Финска, на својот официјален Твитер профил.

Двајца од настраданите се со сериозни повреди, пренесе Ројтерс.

Се уште нема повеќе детали за нападот, ниту за мотивите на напаѓачот.

XS
SM
MD
LG