Достапни линкови

Катица Јанева останува во притвор поради ризик од бегство


Катица Јанева на распит за „Рекет“ во Јавно обвинителство

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева останува во привор во КПУ Затвор Скопје, иако е завршена истрагата за случајот „Рекет“ во кој таа е третосомничена, одлучи Апелацискиот суд. Од Апелација информираат дека е одлучено да се укине втората точка од решението за притвор – влијание врз истрагата, по добиеното известување од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција дека истрагата е завршена. Сепак, судиите оцениле дека се уште постои ризик за бегство и ја одби жалбата поднесена од адвокатите на Јанева.

Одбраната бараше да и биде изречена поблага мерка бидејќи, според нив, веќе не постојат основите по кои и беше изречен притвор, а како гаранција беше понуден движен и недвижен имот. Апелација одлучуваше по жалбата откако претходно беше одбиена од Кривичниот суд.

Катица Јанева е во притвор од 21 август. Покрај неа, во „Рекет“ е осомничен и Бојан Јовановски – Боки 13 кој исто така е во притвор, како и Зоран Милески Кичеец, кој е во домашен притвор.

XS
SM
MD
LG