Достапни линкови

Братот на иранскиот претседател осуден на пет години затвор за корупција


Хосеин Ферејодун, помладиот брат на иранскиот претседател Хасан Рохани

Ирански суд го осуди Хосеин Ферејодун, братот на иранскиот претседател Хасан Рохани, на затворска казна од пет години поради корупција, пренесе новинската агенција Ројтерс.

Во мај, Ферејодун беше осуден на неопределена затворска казна во случај со корупција, за што поддржувачите на претседателот Рохани реагираа дека е политички мотивиран.

Портпаролот на техеранскиот суд, Голамхосеин Есмаили, изјави дека е можно братот на претседателот да се соочи со обвиненија и во друг случај, но не соопшти повеќе детали.

XS
SM
MD
LG