Достапни линкови

Застрелан демонстрант на протестите во Хонг Конг


Петнаесет демонстранти се повредени, а едно лице е во критична состојба откако било застрелано во градите со огнено оружје за време на последниот судир на демонстрантите и полицијата на протестите во Хонг Конг, изјави претставник на болницата во која е хоспитализиран повредениот, пренесе Ројтерс.

Весникот „Саут Чајна морнинг пост“, на кој се повикува Ројтерс, пишува дека демонстрантот бил застрелан од полицијата, која не одговорила на барањата за коментар. Надлежните од хонконшката полиција рекле само дека на претходните протести било пукано во воздух како предупредување.

Видео на кое наводно се гледа како полицаец пука во демонстрант стана вирално на интернет, но нема никаква потврда дека е автентично.

XS
SM
MD
LG