Достапни линкови

Бузаку: Или оставка од реисот Реџепи или ќе објавам страшни „бомби“


Реисот Сулејман Реџепи

Скендер Бузаку од ИВЗ му даде ултиматум од 72 часа на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, да си даде оставка или ќе објави страшни докази „бомби“ за криминал кој, како што рече, го сторил „нелегалниот реис“.

Откако на влезот на седиштето на ИВЗ постави часовник кој ги мери 72-та часа ултиматум за реисот, Бузаку им порача на сите оџи, муфтии, верници кои биле избркани некогаш од ИВЗ дека ќе ги врати на работа, а пак оние кои сега работат за Реџепи да не се плашат оти нема да бидат избркани туку унапредени. Бузаку нагласи не може да влезе во ИВЗ бидејќи полицијата го чува објектот. На прашањето што мисли за полициското обезбедување, Бузаку вели дека тоа е типично за Реџепи кој, како што рече, „за своја заштита ангажирал и криминални групи“.

XS
SM
MD
LG