Достапни линкови

САД уапсиле кинески шпион - курир


Илустрација

Американското Федералното обвинителство денеска соопшти дека во околината на Сан Франциско е уапсен американски државјанин со кинеско потекло, Едвард Пенг, поради сомнежи дека работел како кинески шпион, пренесе Ројтерс.

Пенг работел како туристички водич, а во исто време како агент на кинеската Влада од 2015 до 2018 година и не е обвинет дека лично крадел доверливи државни информации, туку дека само бил „курир“ и доставувал доверливи материјали за американската национална безбедност, соопшти Обвинителството, а пренесе Ројтерс.

„Верувам дека Ед, подоцна идентификуван како Пенг, работел за кинеското разузнавање“, изјави ФБИ агентот Спиро Фокас.

XS
SM
MD
LG