Достапни линкови

Заев го отвори Самитот на „Економист“: Дијалогот е решение за балканските спорови


Зоран Заев на Самитот на „Економист“ во Скопје

Верувам дека добрата вест за почнување преговори со ЕУ ќе влијае позитивно на целиот регион и на Унијата и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите. Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање. истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

Како што потенцираше премиерот, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите.

И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест, рече Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.

„Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичлен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите“, рече Заев.

Денеска, како што истакна тој, од овде преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен повеќе не е заглавен во конфликти и во безидејна иднина.

Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Учесниците на Самитот дебатираат за тоа што може да се направи за да се обезбеди побрз раст и да се зголемат инвестиците во регионот.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин, кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.

XS
SM
MD
LG