Достапни линкови

Џафери-Пападимулис: Преспанскиот договор прозорец за интеграција во ЕУ


Архива - Претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешна средба со потпретседателот на Европската парламент Димитриос Пападимулис порача дека ЕП демонстрира конкретна поддршка на евроинтегративните процеси „на нашата земја“ и додаде дека тоа претставува сигнал за остварување на сите вредности за членство во Унијата, соопшти собраниската прес-служба.

Во соопштението се вели дека Џафери го информирал Папдимулис за евроатлантските процеси, процесот на заокружување на ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО и очекувањето и добивање датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ.

Потпретседателот Пападимулис искажа огромно задоволство од повторната средба, искажувајќи ја својата лична поддршка на европските интеграции на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Според него, Преспанскиот договор е камен-темелник кој дава добра основа за градење чекор по чекор на европската ориентација на земјата. Истовремено, ја искажа поддршката на политички партиите во Европскиот парламент, на Европската комисија и на Европскиот совет на овој договор како прозорец за целиот регион и неговата интеграција во ЕУ.

XS
SM
MD
LG