Достапни линкови

Новинарски протест во БиХ против насилство врз медиумите


Протест на новинарите во БиХ.

Десетици новинари маршираа низ главниот град на БиХ во знак на протест против насилството врз медиумските работници, откако осомничени фудбалски навиначи влегоа во радио станица во Сараево и ги принудија вработените да повлечат објава од нивната веб страница.

Околу 100 новинари денеска се собраа пред канцелариите на ФК Сараево и потоа маршираа низ центарот на градот барајќи подобра заштита и построги казни за напади врз медиуми.

Да се биде новинар во Босна е „многу тешко“ и „секоја година станува се потешко“, изјави Фарук Веле член на редакцијата на порталот „Радиосараево.ба“

Тој вели дека институциите на земјата не ги штитат новинарите од напади.

Полицијата уапси два лица за инцидентот на 27 септември, кога напаѓачите кои рекоа дека се фудбалски фанови се закануваа на персоналот на „Радиосарараево.ба“. Опишувајќи го инцидентот врабортените во радио станицата рекоа дека се соочиле со смрттни закани, а уредникот бил присилен да ја отстрани веста. ФК Сараево го осуди инцидентот.

XS
SM
MD
LG