Достапни линкови

САД воведе нови санкции врз руската „фарма за тролови“


Архива - Поглед на седиштето на Агенцијата за истражување на интернет во Санкт Петерсбург. RUSSIA -- A view of a business centre building known as the so-called "troll factory's" new office in St. Petersburg, October 20, 2018

Вашингтон воведе санкции врз неколку субјекти и лица поврзани со Агенцијата за истражување на интернет и нејзиниот финансиер Евгениј Пригожин, во врска со руското мешање во американските избори.

„Во новата акција Министерството за финансии го зголемува притисокот против Евгениј Пригожин, но не само во врска со неговата поддршка за Агенцијата за истражување на интернет во насока на напорите за мешање во среднорочните избори во САД во 2018 година, туку и за идентификување на наговиот личен имеот, вклучително неколку приватни јахти и авиони“, соопшти денеска Министерството за финансии.

Агенцијата за истражување на интернет со седиште во Санкт Петерсбург позната како руска „фарма за тролови“, поседувана од бизнисменот поврзан со Кремљ, исто така неколку пати беше спомнувана од американскиот специјален советник Роберт Мулер во неговата истрага за руското мешање во петседателските избори во САД во 2016 година.

XS
SM
MD
LG