Достапни линкови

Илон Маск предупредува: Вештачката интелигенција на луѓето ќе им остави само две професии


USA.-- Elon Musk's Boring company launched car tube in the US.December 18, 2018
USA.-- Elon Musk's Boring company launched car tube in the US.December 18, 2018

Роботите во иднина ќе ги заменат луѓето во сите професии, освен во една...

Милијардерот и иноватор Илон Маск смета дека вештачката интелигенција во иднина речиси секоја работа ќе ја направи бесмислена. Ова предупредување Маск тоа го кажа во своето излагање на неодамнешната Светската конференција за развој на вештачка интелигенција во Шангај, Кина, пренесоа новинските агенции.

Според предвидувањата на Светскиот економски форум, до 2022 година, роботите ќе заменат дури 75 милиони човечки работи и од таа причина ексцентричниот милијардер смета дека идните генерации, сиот свој напор, треба да го насочат кон две професии.

Едната е сега веќе популарната – изработка на софтвер за вештачка интелигенција. Маск, меѓутоа, истакнува дека постои можност во иднина компјутерите самостојно да почнат да ги надоградуваат сопствените системи без човечка интеракција.

Од друга страна, онаа втората човечка работа, според него, роботите тешко ќе ја заменат.

„И покрај технолошкиот развој, луѓето се уште ќе узживаат во разговорот во живо. Според тоа, ако не сте склони кон наука, вториот избор секогаш може да ви биде работа со луѓе“, вели Маск.

XS
SM
MD
LG