Достапни линкови

Караманлис ѝ се закани на Македонија со вето за приемот во ЕУ


Грчкиот министер за транспорт и врски, Костас А. Караманлис, изјави дека неговата Влада ќе направи сѐ за да се ублажат последиците од Договорот од Преспа, па дури ако треба грција ќе употреби и вето за интеграцијата на соседите во ЕУ, jави МИА од Атина.

„Колку и да се обидува СИРИЗА да убеди во спротивното, нашата позиција е цврста: Никогаш немаше да го потпишеме Договорот од Преспа. Сметаме дека е национално штетен, да не речам катастрофален, затоа и направивме сѐ што можевме за да не се изгласа. И сега правиме сѐ за да се ублажат одредени последици, особено да ги заштитиме трговските ознаки на бизнисите од Македонија и секако, правилно да ја одиграме, ако биде потребно и на картата на вето за интеграција на соседите во ЕУ. Тоа е најсилната алатка за притисок што ја имаме во овој момент и сите да бидат сигурни дека нема да ја оставиме неискористена“, рече Караманлис во интервју за грчкиот весник „Параполитика“.

XS
SM
MD
LG