Достапни линкови

Џавид: Можен е Брегзит на 31 октомври и без договор


Британскиот министер за финансии, Саџид Џавид

Велика Британија може да ја напушти Европската унија на 31 октомври без договор, и покрај законот кој од премиерот бара да побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор, изјави денеска британскиот министер за финансии Саџид Џавид, пренесоа новинските агенции.

Одговарајќи на новинарско прашање во интевју за телевизијата Ај-Ти-Ви, дали е можен Брегзит без договор, тој одговори потврдно.

„Тоа не е наша преферирана опција. Работиме вредно на постигнување договор до 31 октомври. Меѓутоа, доколку не успееме мислам дека е важно во секој случај да излеземе, па дури и без договор. Не е совршено, но соодветно е да си заминеме на 31-ви“, рече Џавид.

XS
SM
MD
LG