Достапни линкови

Консултации на бугарскиот државен врв за односите со Македонија


Румен Радев, претседател на Бугарија

Претседателот на Бугарија Румен Радев за денеска претпладне закажал консултативна средба на државниот врв за билатералните односи со Северна Македонија и поканата што ја очекува од Европската унија за почеток на преговори за членство.

Темата на средбата е „Преглед на билатералните односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во контекст на резултатите од работата на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања и очекуваната покана до Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија“.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката за правосудни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.

XS
SM
MD
LG