Достапни линкови

Деветмина загинати во два напади во Пакистан


Илустрација

Најмалку три лица загинаа, а седум други се повредени во експлозија на бомба во градот Чаман во југозападен Пакистан. Бомбата била подметната во мотоцикл паркиран пред канцелариите на верската партија Џамијат Улема-е-Ислам во близина на границата со Авганистан. Властите соопштија дека бомбата експлодирала кога партискиот лидер Маулана Мохамад Ханиф излегувал од зградата. Тој загинал во експлозијата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во друг инцидент, загинаа шест луѓе за четворица се ранети кога вооружени напаѓачи почнаа да пукаат кон автобус во областа Хангу во северозападен Пакистан. Меѓу загинатите има и жени и деца. Полицијата соопшти дека мотив на нападот била лична нетрпеливост. Се трага по напаѓачите.

XS
SM
MD
LG