Достапни линкови

Експлозија на танкер и пожар во Јужна Кореја


Силна експлозија на танкер во јужнокорејското пристаниште Улсан денеска предизвика огромен пожар кој зафати и друг брод, при што се повредени 18 луѓе. Пожарникарите се борат да го стават пожарот под контрола, додека огромни столбови чад се издигаат над пристаништето.

На танкерот, кој пловел под знамето на Кајманските Острови, имало 25 луѓе, додека на другиот опожарен брод имало 21 морнари. Крајбрежната стража ги извлекла сите членови на посадата на другиот брод. Отворена е истрага за причините за несреќата.

Повредени се 12 морнари и шестмина спасувачи, пренесува новинската агенција Јонхап. Најмалку деветмина од повредените се Јужнокорејци.

Рускиот вицеконзул во Пусан наведе дека во посадата на танкерот имало 10 Руси, меѓу кои и капетанот, но дека никој од нив не е потешко повреден.

XS
SM
MD
LG