Достапни линкови

Операција за спасување на посадата на брод погоден од ураган во Атлантикот


Илустрација: Невреме

Операцијата за спасување на посадата на бродот „Бурбон род“ на Атлантскиот Океан е во тек, пренесува сплитска Слободна Далмација.

Бродот се наоѓа на околу 1200 наутички милји од островот Мартиник и на околу 60 наутички милји од центарот на ураганот Лоренцо.

На бродот има 14 членови на екипажот, меѓу кои, според сознанијата на Слободна Далмација, има и Хрвати.

Екипажот забележал дека во текот на пловидбата низ ураганот во задниот дел на бродот продира вода и испратил повик за помош.

XS
SM
MD
LG