Достапни линкови

Пленковиќ: Не може Словенија да не блокира во недоглед


Архивска фотографија- Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и избраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел рече дека ако Словенија одлучи да го блокира влезот на Хрватска во Шенген-зоната, нема да може да го прави во недоглед.

„Не можат да нè блокираат во недоглед, ние сме членка, имаме механизми, доволно, само тоа ќе го кажам“,одговори Пленковиќ на прашањето на новинар дали Словенија би можела да го запре хрватското влегување во Шенген зоната.

Пленковиќ, кој е во тридневна посета на Брисел, разговараше со голем број високи европски претставници. Вчера тој се сретна со избраната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли и актуелниот претседател на Комисијата Жан-Клод Јункер. Пленковиќ утре ја завршува посетата, со состанокот со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

XS
SM
MD
LG