Достапни линкови

Американскиот државен секретар Помпео следната недела доаѓа во Македонија


Американскиот државен секретар Мајк Помпео, од 1 до 6 октомври, ќе ги посети Италија, Ватикан, Црна Гора, Северна Македонија и Грција, објави Стејт департментот.

За време на посетата на Италија, ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Матарела, премиерот Конте и министерот за надворешни работи Ди Мајо. Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Ѓукановиќ, премиерот Марковиќ и министерот за надворешни работи Дармановиќ.

Во Северна Македонија, ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со владини претставници. За време на посетата на Македонија, Помпео ќе го посети и Охрид, соопшти Стејст департментот.

Од Северна Македонија заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Мицотакис и шефот на дипломатијата Дендиас.

XS
SM
MD
LG