Достапни линкови

Заев подготвен за нова средба со Мицкоски: Оптимист сум


Премиерот Зоран Заев вели дека идната недела би бил подготвен да се сретне со шефот на опозицијата за законот за јавното обвинителство и дека ако на таа средба направат исчекор, водени од интересите на државата, можат да постигнат договор. Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат договор за јавното обвинителство.

„Очекувам дека штом се вратам веќе ќе има нешто подготвено од работните групи, од преговарачите од двете страни. Идната недела би бил спремен да се сретнам и со шефот на опозицијата или самите работни групи да направат една средба. Тоа значи дека пред министерскиот совет на ЕУ, некаде 15, 16 октомври е убаво да го решиме ова прашање. Секако, никогаш не е доцна за такво решавање, но со самото решение ќе испратиме уште една порака за нашата политичка и демократска зрелост дека навистина и она што не е дел од извештајот за нашата земја, сепак, наоѓаме начин да го надминеме, вели Заев во интервју за Гласот на Америка.

Тој во интервјуто вели и дека не би сакал да зборува за предвремени избори, најдоцна до крајот на октомври 2020 година. Смета дека треба да им се остави на граѓаните да почувствуваат бенефит од, како што наведува, големите интеграциски договори за НАТО и ЕУ.

XS
SM
MD
LG