Достапни линкови

Судот во Белфаст одлучи: Брегзит без договор не е закана за Северна Ирска


Високиот суд во Белфаст денеска ја отфрли тужбата на активистите за човекови права на Северна Ирска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ без договор несомнено ќе го поткопа мировниот договор со кој стави крај на 30 години насилство во Северна Ирска.

„Апелацискиот суд денеска ја отфрли тужбата на тројца тужители против одлуката на британската Влада да преговара за Брегзит”, се вели во одлуката.

Активистите веруваат дека преговорите нема да го заштитат функционирањето на Договорот од Белфаст и дека тие не се во согласност со законот за Северна Ирска од 1998 година.

XS
SM
MD
LG