Достапни линкови

Јункер: Ние правиме се за договор, во спротивно виновен ќе биде Лондон


Претседателот на ЕК во заминување, Јункер, и британскиот премиер Џонсон

Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија во заминување, изјави дека тој и главниот преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние, прават сè што можат за да се постигне договор со Велика Британија, а во спротивно, одговорноста ќе ја сноси Лондон, пренесе Ројтерс.

Јункер изјави за германските медиуми дека Барние и тој интензивно работат на договор, бидејќи би било катастрофално за Британија и ЕУ доколку до брегзит дојде без договореното организирано повлекување.

„Треба да потпишеме договор за слободна трговија. Тоа нема да се случи онака како што замислуваат некои во Британија. За дел од трговските договори кои сме ги склучиле во мојот мандат беа потребни многу години“, изјави Јункер.

XS
SM
MD
LG