Достапни линкови

Германија посла европски тепих за Северна Македонија, пишуваат грчките медиуми


„Европски тепих за Северна Македонија и Албанија поставува германскиот Парламент“, „Германија: Зелено светло од Парламентот за пристапни преговори на Северна Македонија и Албанија“, „Германско „да“ за Скопје и Тирана“..., се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми во однос на синоќешното гласање во Будестагот за отпочнување пристапни преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција го пренесуваат опширниот текст на грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Зелено светло од Бундестагот за почеток на пристапни преговори со Албанија и С.Македонија“.

„Зелено светло на германската влада да се согласи со почеток на пристапни преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија, со широко мнозинство, даде доцна вечерта во четвртокот федералниот Парламент, гласајќи за заедничкиот предлог доставен од пратеничките групи на владината коалиција. И во двата случаја беше потенцирано дека не станува збор за интеграција на земјите, туку за почеток на долг процес, кој веројатно ќе доведе до интеграција“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА на почетокот на текстот.

XS
SM
MD
LG