Достапни линкови

Над 300 милиони евра даночна загуба од црниот пазар со тутун на Балканот


илустрација

Околу 600.000 луѓе во земјите од поранешна Југославија купуваат производи од тутун на црниот пазар со што се прави даночна загуба од над 300 милиони евра годишно. „Осум од десет пушачи изјавиле дека купуваат на црниот пазар поради пониските цени“, се наведува во истражувањето на загрепскиот Економски институт. Притоа се проценува дека шверцерите и илегалните продавачи на тутун во Словенија, Хрватска, Босна, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија прават годишен профит од околу 200 милиони евра.

XS
SM
MD
LG