Достапни линкови

Заев на ГС на ОН: Северна Македонија цврсто го поддржува мултилатерализмот


Зоран Заев

Македонскиот премиер Зоран Заев во обраќањето на 74 заседание на Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека Спогодбата од Преспа, заедно со Договорот за пријателство со Бугарија, го забрза македонското о интегрирање во НАТО и ги отстрани најголемите пречки за интеграција во ЕУ. „Мојата земја е членка на Обединетите Нации од 1993 година, но денес за прв пат ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија. Оваа година стапи во сила Спогодбата од Преспа, со што се реши 27- годишната разлика што ја имавме со Грција“, рече тој во говорот во кој изјави дека Република Северна Македонија и натаму цврсто го поддржува мултилатерализмот. „Ќе продолжиме да работиме со сите засегнати страни во денешниов фрагментиран свет. Ова е наш заеднички свет“, рече Заев.

XS
SM
MD
LG