Достапни линкови

Пленковиќ очекува зелено светло од ЕК за влез на Хрватска во Шенген


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека очекува сегашната Европска комисија до крајот на својот мандат да даде препорака за влез на Хрватска во Шенген зоната.

„Очекувам Колеџот на комесари да го прифати она што го предложија надлежните комесари, мислам пред сè на еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос“, рече Пленковиќ, кој одржува серија состаноци со високи европски претставници во Брисел.

Европската комисија до средината на следниот месец на дневен ред би требало да ја стави проценката за подготвеноста на Хрватска за влез во Шенген-зоната. Претседателот на Евркомисијата Жан-Клод Јункер, за време на посетата на Загреб во јуни рече дека Комисијата ќе донесе позитивна препорака до крајот на мандатот, кој истекува на 1 ноември.

Пленковиќ додаде дека на почетокот на септември, Комисијата за Шенген веќе констатираше дека Хрватска ги исполнила сите осум единици поврзани со законодавството на Шенген.

XS
SM
MD
LG